Нов силен земјотрес во Хрватска

пред 3 години

Нов силен потрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска вечерва во 22.30 часот.

Земјотресот се случил во централна Хрватска, 60 километри од Загреб, 13 километри од Сисак, во близина на Петриња, соопшти Сеизмолошкиот институт на Србија.

Треперењето на земјата се почувствувало во Миљаковац и во некои други делови на Белград, објавуваат српските медиуми.

Земјотресот се почувствувал во Загреб, но и низ цела Славонија, во Осиек.

Scroll to Top