Нов хакерски напад врз парламентот во Норвешка

пред 3 години

Норвешкиот парламент соопшти дека повторно бил цел на хакери, шест месеци по претходниот хакерски напад врз институцијата, изјави административниот шеф на парламентот, Мараиан Андреасен.

„Знаеме дека се украдени податоци, но засега немаме целосен увид во ситуацијата“, изјави Андреасен, пренесе „РТ“.

Се’ уште не е познато кој го извршил нападот и дали е поврзан со оној што се случи во септември, минатата година. Официјално Осло за претходниот хакерскиот напад ја обвини Русија, а Москва демантираше каква било вмешаност.

Scroll to Top