Нов црн рекорд во Британија – 41.385 новозаразени во еден ден

пред 3 години

Велика Британија денеска го соопшти најлошиот дневен биланс на новозаразени со коронавирус од почетокот на пандемијата – 41.385 нови случаи.

Британските медиуми јавуваат дека новиот тип на коронавирусот, кој беше откриен минатата недела и кој брзо се шири низ земјата, ја зголеми стапката на инфекции, а празничниот викенд влијаеше за пријавување на зголемен број нови случаи.

Според статистичките податоци на владината веб-страница, регистрирани се уште 357 смртни случаи во рок од 28 дена откако испаднале позитивни на тестот за коронавирус.

Scroll to Top