Обрадор најави меѓународна борба против цензурата на социјалните мрежи

пред 3 години

Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор вети меѓународна борба против цензурата на социјалните мрежите, кои ги блокираа или суспендираа профилите на американскиот претседател Доиналд Трамп.

– Можам да Ви кажам дека на првиот состанок на Г-20 што ќе го имаме, ќе го покренам тоа прашање. Да, социјалните медиуми не би требало да се користат за поттикнување на насилство и сето тоа, но тоа може да се користи како изговор за суспендирање на слободата на изразување, посочи Обрадор.

Тој истакна дека една компанија не може да се однесува како се моќна, „како некој вид на шпанска инквизиција“.

Мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард истакна дека Мексико ќе покрене меѓународна кампања против цензурата на социјалните мрежи.

– Откако се огласи нашиот претседател веднаш стапивме во контакт со другите лидери кои мислат исто, посочи Ебрард, додавајќи дека контактирале со претставниците на Франција, Германија, Европска Унија, Африка, Јужна Америка и од Југоисточна Азија.

Scroll to Top