Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

пред 4 години

Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември е одложен за 1-ви и 2-ри октомври, објавено е од Брисел. Оттаму наведуваат дека припадник на обезбедувањето на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, е позитивен на коронавирус. „ Бидејќи службеникот од обезбедувањето бил во постојан контакт со претседателот, Шарл Мишел е во карантин“ објави портпаролот на Мишел, Баренд Лејтс на Твитер. Лејтс додал дека Шарл Мишел редовно се тестира и дека вчерашното тестирање покажало дека е негативен на Ковид-19. извор: Makfax

Извор: vecer.mk

Scroll to Top