Од утре почнува масовна вакцинација во Србија

пред 3 години

Вакцинацијата во Србија од утре тргнува со поинаква и побрза динамика, а во приоритетните групи се вработените во образованието, припадниците на полицијата и војската како и претставниците на медиумите.

-Претставниците на медиумите посебно медиумските работници кои се постојано на терен се ставени во приоритетната група по апелот на медиумските здруженија и на молба на претседателот Александар Вучиќ, рече премиерката Ана Брнабиќ.

Од утре според неа стартува масовната вакцинација на населението и апелираше што повеќе да се пријавуваат на специјалните телефони или на апликацијата на интернет. Граѓаните на Србија имаат можност да закажуваат кога ќе се вакцинираат но и со која вакцина од трите кои се во моментов на располагање.

Scroll to Top