Опаѓа поддршката за партијата на Курц поради истрагата започната против него

пред 3 години

Внимателно изградениот имиџ на австрискиот канцелар Себастијан Курц, кој некогаш беше прогласен за „супер дете“, опаѓа во јавноста поради истрага започната против него.

Ова требаше да биде добар месец за 34-годишниот конзервативец кој стана најмладиот демократски избран лидер во светот и тоа токму поради олеснување на мерките против коронавирус по долгото затворање на земјата.

Сепак, обвинителите во средата објавија дека го испитуваат Курц дека дал лажно сведочење пред парламентарниот комитет, како дел од истрагата за скандалот Ибица и други случаи.

Досега не е поднесено обвинение против австрискиот канцелар.

Курц ги отфрли обвинувањата, велејќи дека очекува да биде обвинет, но дека нема да биде прогласен за виновен и одби да поднесе оставка.

„Не реков ништо што е невистинито“, рече Курц пред новинарите во четвртокот.

Поддршката за Австриската народна партија (ОВП) на Курц веќе падна на околу 30 проценти минатиот месец.

Австрија беше земјата што најмногу успеа да го контролира коронавирусот во текот на првиот бран од пандемијата но влезе во трет бран веќе во ноември.

Истрагата му создава проблеми на Курц затоа што и финансирањето на неговата партија исто така се најде под лупа во последните месеци.

„Ова е најтешката криза во неговиот мандат“, изјави за АФП политичкиот аналитичар Томас Хофер, додавајќи дека кризата го одвлече вниманието од планираното повторно отворање на ресторани и други објекти овој месец.

Scroll to Top