Курц: Знаеме дека пандемијата нема да помине до летото

пред 3 години

Австрискиот канцелар Себастијан Курц посочува дека најголем приоритет на национално и европско ниво, како и глобално е вакцинација на населението.

Синоќа, во говорот на доделувањето на наградите „Аксел Шпрингер“ во Берлин, посветен на основачите на „Бионтек“ – Угур Сахин и Езлем Тиречи, Курц рече дека само ако успее да се вакцинира мнозинството од населението до летото, можно е враќањето во нормалност до летото.

„Сите знаеме дека оваа пандемија нема да помине на лето“, нагласи тој, додавајќи дека ризикот од нови мутации е реален и дека затоа е сигурно дека вакцините ќе мора да се прилагодат.

Курц истакна дека историјата на човештвото е историја на напредок.

„Сепак, тој пат никогаш не бил лесен. Отсекогаш имало трагедии, како што се природни катастрофи, војни или пандемии”, истакна Курц.

Тој рече дека човештвото се потсетило на ризиците, трагедиите и моќта на напредокот минатата година.

„На почетокот на 2020 година, малкумина од нас можеа да предвидат колкава глобална криза ќе предизвика коронавирусот“, рече Курц.

Тој посочи дека короната влијаеше на сè, лично, економски и политички.

„Сепак, добрата вест е дека светлото на крајот од тунелот е сè поблиску“, рече Курц и потсети дека не само короната се ширеше толку брзо, туку и научниот напредок.

„Еден ден ќе погледнеме назад и ќе видиме дека д-р Сахин и д-р Тиречи го сменија светот на подобро“, заклучи Курц.

Scroll to Top