Османи на консултации со партиите околу предвремени избори

пред 3 години

Претседателката на Собранието на Косово, Вјоса Османи денеска ќе одржи консултации со политичките партии во врска со предвремени избори. Консултациите ќе започнат во 13 часот.

Османи најави дека ќе го стори тоа, откако Уставниот суд донесе одлука дека владата на Авдулах Хоти е незаконски избрана, пренесуваат косовските медиуми.

Како што е наведено, по консултацијата со политичките партии, ќе го објави датумот на изборите, што може да биде најдоцна во рок од 40 дена.

Уставниот суд во Приштина донесе одлука по жалбата на Движењето Самоопределување во врска со гласањето на пратеникот Етем Арифи, што беше клучно за формирање влада предводена од премиерот Хоти.

Судот пресуди дека гласот на пратеникот Арифи за формирање влада на Хоти е неважечки.

Scroll to Top