Оставка поднесе и американскиот министер за внатрешна безбедност Чад Волф

пред 3 години

И американскиот министер за внатрешна безбедност, Чад Волф, поднесе оставка од функцијата, со што го зголеми списокот на лица кои предвреме ја напутааат администрацијата на претседателот Трамп по нередите во Вашингтон.

Својата одлука Волф ја објасни во писмо до министерството, до кое пристап имаше Си-Ен-Ен.

„Жалам што морав да го направам овој чекор, бидејќи мојата намера беше да му служам на министерството до крајот на мандатот на оваа администрација“, напиша Волф.

Наместо Волф, нов министер само неколку дена ќе биде Пит Гејнор.

Волф беше на должноста 14 месеци и е последниот од администрацијата на Трамп кој во изминатите денови ја напушта функцијата, иако не е јасно дали неговата оставка е поврзана со минатонеделните инциденти.

Оставки, исто така, поднесоа и Бетси Девос, која беше министер за образование и Елејн Чао, која беше министер за транспорт.

Scroll to Top