Албанскиот министер за внатрешни поднесе оставка поради полициското убиство на 25-годишник

пред 3 години

Албанскиот министер за внатрешни работи Сандер Леши поднесе оставка по притисокот на јавноста во врска со убиството на 25-годишно момче за време на полицискиот час во земјата.

Дваесет и петгодишниот Клодијан Раша беше убиен во вторникот откако тој не одговорил на барањата на полициските службеници да запре поради кршење на полицискиот час што е на сила во текот на ноќта.

Убиството на младиот човек синоќа доведе до демонстрации во Тирана и барања министерот за полиција да си даде оставка. Демонстрантите организираа протест и покрај дождот, кршејќи ја забраната за собирање на повеќе од десет лица наметната поради пандемијата на коронавирусот, пренесува агенцијата АП.

Медиумите јавуваат дека демонстрантите фрлале разни предмети кон полицајците и кон зградата на Министерството за внатрешни работи.

Премиерот Еди Рама објави дека министерот за полиција поднел оставка, додавајќи дека на тој начин покажал „чувство на граѓанска одговорност“.

 

Scroll to Top