Папата ја именуваше Натали Беквар за прва жена потсекретар на бискупискиот совет

пред 3 години

Со одлука на папата Франциск Французинката, Натали Беквар, е именувана за потсекретар на Епископскиот синод, со што таа станува првата жена во Ватикан која е поставена на функција со право на глас, пишува весникот „Гардијан“.

Натали Беквар е една од двете нови потсекретарки именувани во синодот, тело што се занимава со главните прашања на доктрината на Римокатоличката црква и во кое таа е советник од 2019 година.

-Назначувањето на Беквар ја покажува желбата на понтифот за поголемо учество на жените во процесот на анализирање и донесување одлуки во црквата, изјави генералниот секретар на Синодот, кардиналот Марио Грец.

Тој додаде дека номинацијата „ги отвори вратите за Натали Бекарт и нејзината можност да учествува на гласањето“.

Во работата на синодот учествуваат бископи и кардинали кои имаат право на глас, како и експерти кои не можат да гласаат.

Scroll to Top