(Фото) Домашна журка за роденденот на ќерката на Натали Грубовиќ

пред 4 години

Поранешната манекенка и бинго-девојка, Наталија Грубовиќ, направи домашна забава за третиот роденден на нејзината ќерка Натали. Грубовиќ на „Инстаграм“ објави заедничка слика со ќерка си, со балони и роденденски капи, па се пофали дека таа пораснала. Натали е прво дете на Наталија која во 2016 година се омажи со бизнисменот од Нови Сад, Дрен Глушац. Таа својата бременост ја криеше од медиумите и многумина дознаа дури откако стана мајка. Некогашната манекенка се породи во приватна клиника во Скопје.

Извор: reporter.mk

Scroll to Top