Париз ќе воведе нови ограничувања поради Ковид-19

пред 4 години

Во Париз ќе бидат воведени нови ограничувања со цел да се сузбие влошувањето на пандемијата со Ковид-19, вклучувајќи и барање дополнителен број продавници да биде затворени навечер, изјави за ТВ БФМ градоначалничката на Париз, Ана Идалго.

Таа рече дека ова ќе значи затворање на одредени продавници што продаваат храна и пијалоци за носење во 22 часот по локално време, покрај постојното национално затворање.

Претседателот Емануел Макрон воведе нова блокада минатиот месец, принудувајќи несуштинските бизниси – како што се оние што не продаваат храна или лекови – да се затворат, а луѓето да користат потпишани документи за да го оправдаат излегувањето на улица.

Сепак, француските власти сметаат дека се потребни повеќе мерки во Париз, бидејќи сметаа дека во главниот град доцна во ноќта сепак има премногу луѓе, и покрај забраните.

Франција вчера објави 40.558 нови случаи на заразени со Ковид-19 и дополнителни 385 смртни случаи, со што вкупниот број на жртви достигна 38.674 од почетокот на епидемијата.

Scroll to Top