Пентагон: Успешно тестиран антибалистички одбранбен систем

пред 4 години

Пентагон денеска соопшти дека успешно е тестиран одбранбен ракетен антибалистички систем дизајниран за од брод да открие и неутрализира балистички интерконтинентален ракетен напад на територија на САД.

Претходно се тестирани ракети кои се лансирани од подземни силоси во САД, и ако претстојните, уште понапорни тестови се покажат успешни, новиот бродски антибалистички ракетен систем ќе придонесе постојниот штит за противракетна одбрана да биде уште посигурен, соопшти Пентагон.

Успешните тестови на Пентагон ќе го привлечат вниманието на режимот во Пјонгјанг, кој развива интерконтинентални балистички ракети и нуклеарно оружје, поради што во САД е забрзан развојот на нови, соодветни одбранбени ракети, коментираат светските агенции.

Американската морнарица го изврши денешното лансирање на одбранбената ракета „Егис СМ-3“ од воен разурнувач во Пацификот, североисточно од Хаваи.

Scroll to Top