Песков: Ако Украина не сака руска вакцина, ќе остане повеќе за другите

пред 3 години

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека ако Украина не сака руска вакцина против коронавирусот, другите земји ќе добијат повеќе.

Коментирајќи го одбивањето на Киев да ја купи руската вакцина против коронавирусот „спутник В“, Песков рече дека на другите земји, кои бараат вакцина и се подготвени да ја прифатат со благодарност, ќе им остане повеќе, пренесува РИА новости.

Песков рече дека се прават натчовечки напори за да се покрие побарувачката за вакцината откако ќе им биде дадена на сите руски граѓани.

„Знаете дека глобалната побарувачка за руска вакцина е толку голема што нашиот производствен потенцијал во моментов не ни дозволува веднаш да ја исполниме“, рече Песков.

Претходно, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Украинците не се зајаци и со нив не може да се експериментира.

Scroll to Top