Повеќе од 16 милиони заразени со коронавирус во САД

пред 3 години

Бројот на лица заразени со коронавирус во САД надмина 16 милиони, соопшти Универзитетот Џон Хопкинс, откако еден милион луѓе беа дијагностицирани само во последните четири дена.

Првите осум милиони заразени лица во САД беа евидентирани за нешто повеќе од осум и пол месеци, а тој број се зголеми за два пати за помалку од два месеци, пренесува Си Ен Ен.

Негативниот рекорд беше поставен на денот кога Американската администрација за храна и лекови одобри итна употреба на вакцината развиена од страна на компаниите Фајзер и Бионтек за имунизација на населението, што треба да започне утре. ссм/

Scroll to Top