Половина од Американците примиле најмалку една доза вакцина против Ковид-19

пред 3 години

САД достигнаа уште една важна пресвртница во програмата за масовно вакцинирање – половина од возрасната популација е вакцинирана со најмалку една доза, додека повеќе од една четвртина се вакцинирани со потребните две дози, пишува „Си-ен-ен“.

Според Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) објавен во неделата, 18 април, повеќе од 84 милиони луѓе – приближно 25,4 проценти од населението – се целосно вакцинирани.

ЦДЦ вели дека повеќе од 129 милиони Американци примиле барем една доза на вакцина против Кковид-19, или приближно 39,5 проценти од вкупната популација на САД.

Од понеделник, 19 април, сите над 16-годишна возраст во САД ќе имаат право на вакцина.

Експертите проценуваат дека некаде помеѓу 70-85 проценти од луѓето во САД треба да бидат имуни на вирусот – или преку инокулација или претходна инфекција – за да се спречи понатамошно ширење на вирусот.

Но, загриженоста околу пристапот и недовербата кон вакцините останува проблем.

Пресвртница во кампањата за вакцинација во САД тече со повеќе од три милиони дози на ден. Сепак, според последната анкета, секој петти Американец не е подготвен да се вакцинира.

Scroll to Top