Повеќе од 10 милиони луѓе во Франција примиле прва доза вакцина против Ковид-19

пред 3 години

Франција денеска го премина прагот од десет милиони луѓе кои ја примија првата доза на вакцината за коронавирус. Тоа го изјави денеска премиерот Жан Кастекс, додека во земјата се на сила строги мерки против епидемијата.

– Државата само што го премина прагот од десет милиони луѓе кои ја примија првата доза на вакцина … Тоа е многу добар ефект, луѓето се вакцинираат во Франција, нагласи Кастекс, чија цел е вакцинирање на околу десет милиони луѓе до средината на април.

Францускиот премиер рече дека 20 милиони луѓе треба да се вакцинираат до средината на мај, а 30 милиони до средината на јуни.

Во државата во моментов се хоспитализирани речиси 31.000 лица, а во одделите за интензивна нега има 5.746 пациенти.

Scroll to Top