Помпео: Јасно е дека Русија стои зад хакерските напади на САД

пред 3 години

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, изјави дека е јасно дека Русија стои зад хакерските напади врз САД оваа недела. Тој верува оти Русија стои зад хакерските напади на десетици федерални агенции и компании, вклучувајќи ја и компанијата за сијбер безбедност FireEye.

Говорејќи на „Марк Левин шоу“, Помпео рече дека случувањата се „прилично јасно“ поврзани со Русија.

-Не можам да кажам многу повеќе бидејќи сè уште утврдуваме прецизно и сигурен сум дека дел од тие информации ќе останат класифицирани, рече Помпео.

На прашањето дали претседателот Доналд Трамп ќе зборува за време на истрагата, Помпео рече дека понекогаш „помудриот начин на дејствување за да се заштити американскиот народ е мирно да се занимавате со вашата работа и да ја браните слободата“

Scroll to Top