Поради проблемите со „Астра зенека“, Хрватска ќе нарача дополнителни дози од „Фајзер“

пред 3 години

„Астра зенека“ ќе ѝ достави на Европската Унија само една третина од ветената количина на вакцини, која Хрватска ќе се обиде да ја надомести со дополнителни дози на вакцината „Фајзер“ и да се изедначи со повеќето членки на ЕУ до крајот на летото, изјави денеска премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.

Тој објасни дека никој не можел да предвиди дека „Астра зенека“ ќе има проблеми во процесот на производство и испораката на вакцината.

Кога Хрватска ја нарачала нивната вакцина, на крајот на летото минатата година, таа компанија, вели тој, била прва според истражувањето и прва со која Европската комисија започнала разговори за нарачки.

Scroll to Top