Порака од Кремљ: Навални може да се врати во Русија

пред 4 години

Рускиот опозициски лидер, кој беше пуштен од болницата во Берлин утрово, може да се врати во Русија кога сака, вели портпаролот на руското претседателство, Дмитриј Песков. „Ако пациентот закрепнува, добро е, му посакуваме брзо закрепнување. Што се однесува до неговото враќање во Москва, како и сите други руски граѓани, тој е слободен да го стори тоа кога сака”, рече Песков, пренесува ТАСС. Тој додаде дека не е планиран официјален состанок со  службитe за спроведување на законот, освен ако Навални нема потреба да споделува информации, кои активно ги споделил со колегите од Германија и другите земји. извор: Makfax

Извор: vecer.mk

Scroll to Top