Поранешен руски професор по историја осуден за убиство на студентка

пред 3 години

Судот во Санкт Петербург го осуди историчарот Олег Соколов на 12 и пол години затвор за убиство на студентката Анастасија Јешченко и незаконско поседување на оружје.

Поранешниот професор по историја (64) на Универзитетот во Санкт Петербург во ноември минатата година беше затекнат покрај река со ранец бо кој биле отсечените раце на Анастасија Јешченко (24), негова тогашна партнерка и студент на постдипломски студии.

Соколов ја призна вината.

Scroll to Top