Починат човек победи на изборите за Парламентот на Северна Дакота

пред 4 години

Републиканскиот кандидат Дејвид Андал, кој неодамна починал од новиот коронавирус, победи на парламентарните избори во американската држава Северна Дакота.

Според неофицијални податоци, Дејвид Андал е избран за еден од двајцата претставници на округот Бизмарк во парламентот на Северна Дакота со околу 35 отсто од гласовите.

Бизнисменот и земјоделец Андал (55) починал во октомври од компликации предизвикани од Ковид-19.

Scroll to Top