Почна дистрибуцијата на вакцината на „Модерна“ во САД

пред 3 години

Компанијата Модерна и нејзините партнери почнаа да ја дистрибуираат вакцината против Ковид-19, а камионите се очекува денеска да се упатат на повеќе од 3.700 локации во САД.

Втората вакцина против Ковид-19, која беше одобрена од американските регулатори, треба да стигне најрано утре во здравствените установи кој е шефот на владината програма за развој на вакцината, Густав Перна.

Тој додаде дека САД се на пат да обезбедат доволно дози на вакцини Фајзер и Модерна до крајот на годината за да вакцинираат 20 милиони луѓе, но дека нивната испорака може да продолжи во првата недела од јануари.

Во САД, вакцинацијата веќе е во тек со вакцината Фајзер/Бионтек, која прво ја примаат здравствените работници, жителите и вработените во домовите за стари лица и политичките лидери.

Американските власти соопштија дека досега се испорачани 2,9 милиони дози вакцина Фајзер, а други два милиони се подготвени за испорака следната недела.

Сепак, гувернерите на повеќе од 10 американски држави објавија дека федералната влада им соопштила дека следната недела ќе има помалку дози во испораките на вакцината Фајзер отколку што првично се очекуваше.

По тој повод, генералот Перна денеска се извини за конфузијата во комуникацијата со државите во врска со бројот на дози што ќе бидат испорачани во раната фаза.

Перна рече дека погрешил во проценката на бројот на дози одобрени од регулаторите за испорака, што е помалку од бројот на произведени дози.

Scroll to Top