Почнува вакцинирањето во земјите-членки на ЕУ

пред 3 години

Од денеска почнува вакцинацијата во земјите-членки на Европската Унија, откако вчера првите дози од вакцините на „Фајзер“ против Ковид-19 беа доставени до сите земји на ЕУ.

Согласно плановите за вакцинација што одделно ги објавуваа земјите-членки, прво ќе се вакцинираат приоритетните групи, меѓу кои медицинските лица, луѓето во домовите за стари лица, хронично болните.

Фон дер Лајен најави дека наскоро ќе има повеќе вакцини, бидејќи е докажано дека се безбедни и ефикасни. Таа рече дека ЕУ обезбедува дози од вакцините за целото население.

Посочи дека вакцинацијата ќе помогне постепено да се врати животот во нормала, но дотогаш луѓето треба да бидат внимателни да се заштитат себе си и своите најблиски од вирусот.

 

Scroll to Top