По денешниот земјотрес во Хрватска, причинета штета на веќе разурнати објекти

пред 3 години

Земјотрес со интензитет од 4,2 степена според Рихтерова скала, кој повторно го погоди централниот дел на Хрватска, причини нови штети на веќе разурнатите објекти, неколку дена откако по најсилниот удар се уште има подрачја и настрадани на кои им е потребна помош.

Тоа го изјави заменик градоначалничката на Глина, Бранка Бакшиќ Митиќ, која ги повика сите граѓани кои сакаат да ги санираат своите домови да пишат на нејзиниот мејл или да испратат порака на фејсбук-групата „Луѓе за луѓе“.

– Мораме да направиме список и да ги организираме луѓето за да се почне со работа, истакна Бакшиќ Митиќ.

Scroll to Top