По пауза од пет години, прелиминарни контакти меѓу Грција и Турција на крајот на месецов

пред 3 години

За две седмици, на 25 јануари, во Истанбул ќе се одржи следниот круг од прелиминарните контакти меѓу Грција и Турција, соопштија од грчкото МНР.

Станува збор за 61-от круг прелиминарни контакти што ќе се одржи по пауза од речиси пет години.

Претходните разговори беа во март 2016 година.

Најавата за следните контакти доаѓа по тензиите меѓу Анкара и Атина изминативе месеци, кои почнаа да растат откако Турција испрати истражувачки брод за гас и нафта во водите на Средоземното Море кои Грција и Кипар ги сметаат за дел од својот континентален гребен.

Засега не се знае дали најавата за прелиминарни контакти ќе значи и запирање на најавените санкции од ЕУ кон Турција поради тензиите во Медитеранот.

Scroll to Top