Атина: Немаме добиено покана за средба со Турција

пред 3 години

До овој момент, Министерството за надворешни работи на Грција нема добиено никаква покана во врска со одредувањето датум за 61-от круг на прелиминарните контакти со Турција, вели портпаролот на грчкото МНР, Александрос Папајоану, одговарајќи на новинарско прашање.

Папајоану додава дека Грција, „како што е познато, има изразено подготвеност да одговори, во случај на соодветна покана од турска страна“ и додава дека контактите треба да бидат врз основа на меѓународното право и за одредување на Ексклузивната економска зона и континенталниот гребен.

Одговорот на портпаролот на грчкото МНР доаѓа по изјавата на шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, кој рече дека Турција ја кани Грција да започнат прелиминарните контакти во јануари.

Последен пат, прелиминарни контакти меѓу двете земји се одржаа пред пет години, а на следниот круг домаќин ќе биде Турција.

Scroll to Top