Премиерот на Ерменија: Признавањето на геноцидот е прашање на нашата безбедност

пред 3 години

Ерменскиот премиер Никол Пашинијан му напиша писмо на американскиот претседател Џо Бајден дека признавањето на геноцидот е прашање за безбедноста на Ерменија, особено по минатогодишните настани во војната во Нагорно Карабах, пишуваат агенциите.

Тие потсетуваат дека , Бајден ги нарече геноцид масакрите и присилната депортација на Ерменците во Отоманската империја во 1915 година.

„Ерменците ширум светот со ентузијазам го поздравија признавањето на геноцидот“, рече Пашинијан во писмото објавено на неговата веб-страница.

Во порака на својата фејсбук страница, Пашинијан му се заблагодари на американскиот претседател за како што вели таквата силна мерка кон правдата и историската вистина и за неговата непроценлива поддршка кон потомците на жртвите на ерменскиот геноцид.

„Признавањето на геноцидот е охрабрувачки пример за сите што сакаат да изградат праведно и толерантно меѓународно општество“, додаде ерменскиот премиер.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го осуди вклучувањето на трета страна во внатрешните работи на Турција, а неговиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека Турција не треба да добива лекции за сопствената историја од никого. Повеќе од дваесет земји во светот официјално го признаа ерменскиот геноцид во 1915 година, што го изврши тогашната Отоманска империја за време на Првата светска војна, потсетуваат медиумите.

Scroll to Top