Претседателски избори во Таџикистан – во трката петмина кандидати

пред 4 години

Граѓаните на Таџикистан денеска излегуваат на гласање за да го изберат новиот претседател на земјата. Тасс јави дека од утринава во 6 часот, па се до вечерва во 20 часот, ќе бидат отворени 3.375 избирачки места за околу 4,9 милиони регистрирани гласачи. На изборите учествуваат петмина кандидати, вклучувајќи го и актуелниот шеф на државата, Емомали Рахмон. Во 29 земји низ светот се отворени вкупно 39 избирачки места, а конечните резултати треба да бидат објавени на 12 октомври. Текстот Претседателски избори во Таџикистан – во трката петмина кандидати е превземен од А1он .

Scroll to Top