Приведен поранешниот претседател на Хондурас, Зелаја поради непријавени пари

пред 3 години

Поранешниот претседател на Хондурас, Мануел Зелаја уапсен е на аеродромот во Тегусигалпа, откако кај него била пронајдена торба со 18.000 непријавени американски долари.

Тој тврди дека парите не се негови. Зелаја на Твитер напиша дека е „непарведно приведен“ додека се подготвувал да замине во Мексико на семинар.

– Причина: Тобра со 18.000 долари, што не се мои, напиша Зелаја на Твитер.

Царинарниците при ренгенскиот преглед на неговиот куфер утврдиле дека внатре има уште една торба со непријавени пари.

Според законот на Хондурас сите патници морат да пријават на царина износ поголем од 10.000 долари. Ако тоа не го направат предвидена е парична казна во висина од една третина на непријавените пари.

Scroll to Top