Почина поранешниот аргентински претседател Карлос Менем

пред 3 години

Поранешниот претседател на Аргентина Карлос Менем почина на 90-годишна возраст, јавија аргентинските медиуми.

Менем долго време имал здравствени проблеми.

По професија адвокат, тој беше претседател на Аргентина од 1989 до 1999 година.

Во моментот на неговата смрт, Менем ја извршуваше должноста на сенатор.

Scroll to Top