Принцот Чарлс и рускиот премиер пристигнуваат во Атина за 200-годишнината од востанието за независност на Грција

пред 3 години

Високите гости поканети да присуствуваат на утрешната воена парада, по поводи 200 годишнината од почетокот на востанието за независност на Грција, пристигнуваат во Атина, а предвидено е да одржат средби со грчкиот државен врв, да ја посетата реновираната Национална галерија и да присуствуваат на вечера во нивна чест во претседателската палата, јави дописничката на МИА од Атина.

Прв пристигна претседателот на Кипар Никос Анастасиадис, кој денеска ќе се сретне со неговата грчка колешка Катерина Сакеларопулу и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Рускиот премиер Михаил Мишустин ќе се сретне со неговиот грчки колега, додека пак средби со Сакеларопулу и Мицотакис, ќе одржи и принцот Чарлс, во текот на утрешниот ден, со оглед на тоа дека попладнево пристигнува во Атина, заедно со војвотката Камила.

Франција ќе ја претставува министерката за одбрана Флоренс Парли, откако претседателот Макрон ја откажа посетата поради пандемијата во земјата.

Согласно официјалната програма, попладнево Мицотакис и неговата сопруга ќе одржат прием во новиот објект на Националната галерија, а вечерва претседателката на Грција ќе приреди вечера во чест на гостите.

Анастасиадис, принцот Чарлс, Мишустин и Парли утре ќе присуствуваат на воената парада, што ќе се одржи без публика и под строги безбедносни и здравствени мерки.

Scroll to Top