Задолжителен седумдневен карантин за сите кои пристигнуваат во Грција

пред 3 години

Од три на седум дена е зголемен домашниот карантинот за сите оние кои од странство пристигнуваат во Грција, согласно новите одлуки на Агенцијата за цивилно воздухопловство, што од денеска ќе стапат во сила до 21 јануари.

Паралелно, ќе се спроведуваат и брзи тестови за дел од патниците согласно предвидениот процес според податоците внесени во специјалниот формулар Passenger Locator Form за патување во Грција.

Рапид тест ќе им се прави на сите патници кои пристигнуваат од Велика Британија, за кои се воведени посебни правила.

По истекот на седумдневниот карантин, потребно ќе биде да направат ПЦР тест и доколку е негативен, ќе заврши нивната домашна изолација, а во спротивно карантинот ќе трае 14 дена.

За сите кои од странство пристигнуваат во Грција, задолжителен е негативен ПЦР тест, направен 72 часа пред патувањето.

Scroll to Top