При пад на воен хеликоптер врз куќа во Зимбабве, загина екипажот и едно дете

пред 3 години

Хеликоптер на воздухопловните сили на Зимбабве се урнал врз куќа, при што загинале тројцата членови на екипажот и едно дете на земјата.

Хеликоптерот изведувал вежба со двајца пилоти и техничар кога исчезнал од радарот.

Тој се урнал врз куќа во Арктурус, земјоделска област на околу 30 километри источно од Хараре, пренесува „Ројтерс“.

„Многу сме тажни за загинатите во несреќата“, рече командантот на воздухопловните сили, Елсон Мохо.

Scroll to Top