Продолжи изградбата на „Северен поток 2“ во данските територијални води

пред 3 години

Бродот „Фортуна“ за поставување цевки на изградбата на гасоводот „Северен поток 2“, по завршувањето на поморските тестирања во јануари, денеска ја продолжи својата работа во близина на данскиот остров Борнхол, соопшти операторот на проектот, пренсе ДПА.

„Бродот „Фортуна“ на 24 јануари успешно ги заврши тестовите и денеска почна да поставува цевки во данските води“, се наведува во соопштението на Тасс.

„Северен поток 2“, додава ДПА, треба да го удвои количеството руски природен гас што се пренесува во Германија по дното на Балтичко Море, со цел на земјата да и обезбеди прифатлива енергија, бидејќи таа постепено ќе ги отстранува јагленот и нуклеарната енергија.

САД, меѓутоа, тврдат дека гасоводот ќе ја зголеми енергетската зависност на Европа од Русија, аргумент што покрај претходната администрација на Доналд Трамп, во последните денови го повторува и администрацијата на новиот американски претседател Џо Бајден.

Scroll to Top