Курц со јасна поддршка за Меркел и изградбата на „Северен тек 2“

пред 3 години

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска изјави дека ја поддржува изградбата на гасоводот „Северен тек 2“, бидејќи тоа е во интерес на многу земји од ЕУ.

Курц за германскиот весник „Велт ам Зонтаџ“ изјави дека „Северен тек 2“, што ќе испорачува гас од Русија, по дното на Балтичко Море, до Германија, сепак, е европски проект.

„Не е во право секој оној кој мисли дека новиот гасовод е само во интерес на Русија“, нагласи австрискиот канцелар, додавајќи дека Германија и Австрија, како и другите европски земји, исто така, ќе имаат корист од овој проект.

Курц смета дека гасоводот не треба да биде поврзан со прашањето за можни санкции против Русија поради притворањето на опозицискиот лидер Алексеј Навални.

Тој јасно ја поддржа позицијата на германската канцеларка Ангела Меркел.

„Јас го поддржувам фактот дека германската Влада не се откажува од „Северен тек 2“, подвлече Курц, оценувајќи дека ЕУ мора да се внимава да не ги ослабне своите позиции дејствувајќи против „Северен тек 2“.

Scroll to Top