Пронајдено тело на девојка во куфер во хостел во Лондон

пред 3 години

Лондонската полиција истражува смрт на девојка чие тело е пронајдено во куфер во хостел во западниот дел на градот, пренесува Гардијан.

Телото го открил сликар од хостелот, две недели откако соседите пријавиле дека почувствувале смрдеа. Сè уште никој не е уапсен, а полицијата соопшти дека сè уште не ги утврдила причините за смртта или идентитетот на починатата жена.

Според зборовите на соседката, починатата била „убава повлечена девојка“. Другите соседи изјавиле дека Лиса имала момче, но дека тој исчезнал.

Полицијата соопшти дека ќе се изврши обдукцијата на телото на девојката.

Scroll to Top