Путин за руската вакцина: Никому не му наметнуваме ништо

пред 3 години

Рускиот претседател Владимир Путин возврати на официјален претставник на ЕУ кој рече дека нејзините членки апсолутно немаат потреба од вакцина „Спутник В“.

Ваквиот коментар, Путин го оцени како чуден, сугерирајќи дека тоа е спротивно на интересите на граѓаните на ЕУ.

Комесарот на ЕУ за внатрешен пазар, Тиери Бретон изјави дека на ЕУ не и треба руската вакцина и дека имунитетот низ целиот континент може да се постигне со употреба на вакцини произведени во Европа.

„Чии интереси бранат овие луѓе? Тоа е чудна изјава. Ние не му наметнуваме ништо на никого”, рече Путин.

„Ова го покренува прашањето: Чии интереси ги бранат и застапуваат овие луѓе? Интересите на фармацевтските компании или интересите на граѓаните на европските земји?

Европската агенција за лекови (ЕМА), чии претставници треба да ја посетат Русија следниот месец, почнаa со тестирање на „Спутник B“ на почетокот на овој месец. Сепак, некои европски официјални лица се сомневаат во потребата од руска вакцина. Официјален претставник на ЕМА ги повика членките на ЕУ да се воздржат од одобрување на „Спутник“ на национално ниво, додека агенцијата даде „зелено светло“.

Путин телефонски разговараше и со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел за можната употреба на Спутник.

Scroll to Top