Путин: Сите што се погодени од пукањето во Казан ќе добијат помош

пред 3 години

Сите погодени од пукањето во училиштето во Казан ќе ја добијат потребната помош и поддршка, рече денеска рускиот претседател Владимир Путин во својот воведен говор на состанокот со владата.

„ Дозволете ми уште еднаш да истакнам дека сите оние кои се соочија со таа несреќа, семејствата кои беа погодени сигурно ќе ја добијат целата неопходна поддршка и помош“, рече рускиот претседател.

Путин изјави дека упатствата биле дадени на руската влада, Министерството за здравство, Министерството за образование, Министерството за вонредни ситуации и агенциите за спроведување на законот веднаш по добивањето информации за пукањето во училиштето.

Поранешен ученик во вторникот отвори оган во училиште во Казан, уби девет и рани 23 лица.

Scroll to Top