Разбиена студентска забава во Загреб – меѓу присутните и еден заболен од ковид

пред 3 години

Членовите на полициската управа во Загреб извршија рација во студентско здружение, каде пронајдоа 64 лица, од кои еден 31-годишник имал одредена мерка домашно лекување од ковид.

Полициската акција била спроведена синоќа во соработка со Штабот за цивилна заштита во студентското здружение на улицата „Гундулишева“.

На сите фатени лица ќе им се издадат прекршочни налози во редовна постапка во согласност со одредбите на Законот за заштита на населението од заразни болести, пренесуваат хрватските медиуми.

Тие не се придржувале кон епидемиолошката мерка за забрана на сите јавни настани и собири на кои присуствувале повеќе од 25 лица на едно место, а ниту едно од затекнатите лица не носело заштитна маска кога влегле полицајците.

Ќе бидат поднесени кривични пријави против девојчето (25) и младиот човек (26), одговорни лица во Здружението на студенти, како и против 31-годишникот на кого му е утврдена мерка домашно лекување за кривично дело ширење и пренесување на заразна болест.

Scroll to Top