Рама за изјавата на Вучиќ: Нема никаква можност за војна, Србија ја загуби војната, Косово е независна држава

пред 4 години

Албаскиот премиер Еди Рама коментарајќи ја изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ за „можна војна на Косово“ рече дека нема никаква можност Косово и Србија повторно да се втурнат во војна.

-За каква војна станува збор? Каква војна провоцира Вучиќ. Србија ја загуби војната. Косово е независна и демократска држава.Да, Косово направи многу грешки во дипломатските односи и изгуби многу терен, но нема шанси за други нешта, тоа се попусти изјави, рече Рама.

Додадава дека Косово за него е „прв приоритет во надворешните односи“.

Изјавата на Вучиќ ја коментраше и Агим Чејку, поранешен амбасадор на Албанија во Северна Македонија.

-Изјавата на Вучиќ ја провоцира стабилноста на Косово и целиот Балкан. Ќе реагираме како една нација доколку се допре Косово,рече Чејку.

Scroll to Top