Рестораните во Бугарија ќе бидат отворени на 1 март

пред 3 години

Од 1 март ќе ги отвориме рестораните, а од утре ќе им дозволиме на учениците од сите паралелки во малите населени места да учат со физичко присуство, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Во исто време, главниот државен здравствен инспектор Ангел Кунчев, за Бугарското национално радио коментира дека врвот на новиот бран на коронавирус во Бугарија може да се совпадне со 4 април кога ќе се одржат парламентарните избори.

– Доколку не се почитуваат мерките, воведувањето на нови нема никаква вредност. Иако трендот не е добар, ние одржувавме добри позиции во споредба со другите земји … Врвот на новиот бран ќе се достигне пред изборите. Сè зависи од ширењето на новите мутации на вирусот. Во последниве денови, имаме 68 позитивни на британската мутација од 96 земени примероци, рече Кунчев.

Scroll to Top