„Роберт Кох“: Можно е 400.000 заразени Германци дневно до Божик

пред 4 години

Германија би можела до Божик да има дневен биланс од над 400.000 заразени со коронавирус, доколку продолжи на дневно ниво да се зголемува бројот на заболени од Ковид-19, изјави член на Институтот „Роберт Кох“ од Берлин.

Неговата изјава доаѓа само еден ден по воведените нови рестриктивни мерки во Германија.

– Новите мерки можат да го спречат ширењето на вирусот, истакна Ларс Шаде, потпретседател на Институтот „Роберт Кох“, кој е главна институција во Германија која се бори против коронавирусот.

Scroll to Top