Русите испратиле подморници на американскиот брег, тврдат странски разузнавачи

пред 1 година

Странски набљудувачи и разузнавачи велат дека Москва има нуклеарни подморници веќе во близина на американскиот брег.

„ Постојат индикации дека нуклеарните подморници се наоѓаат во близина на брегот на САД и во Средоземното Море и на други места на европската периферија“, изјави Мајкл Петерсон, директор на рускиот поморски истражувачки институт.

Пред само неколку дена рускиот претседател Владимир Путин најави дека Русија ќе изгради уште нуклеарни подморници.

„ Да ја гарантираме безбедноста на нашата земја со децении“, ја објасни својата одлука рускиот претседател.

Путин ова го изјави на церемонијата на пуштање во употреба на новата нуклеарна подморница на флотата Генералисимус Суворов. Изјавата доаѓа во време кога странските набљудувачи тврдат дека старите советски тактики, во стилот на Студената војна, веќе се во тек.

Уште позагрижувачки, велат некои воени експерти, е неинформираноста на Американците.

САД не го знаат бројот на руските подморници таму каде што веруваат дека се поставени. Денес, руските подморници се насекаде, а тоа ги загрижува НАТО и САД.

„ Минатата година подморницата Северодвинск беше распоредена во Тихиот Океан. Во исто време, друга подморница од иста класа беше распоредена во Средоземното Море. Повторно, во исто време, трета подморница беше на пат за распоредување во Атлантикот Океан“, изјави генералот на американските воздухопловни сили Глен Ван Херк.

Според контраадмиралот Мајкл Студман, следењето на руските подморници е тешка задача.Воениот тактичар вели дека причина за тоа е патролирањето што го прават руските подморници во Атлантскиот океан. т.е. уште еден доказ дека руските подморници се насекаде и во постојано движење.

Токму поради оваа причина, анализираат руските експерти, подморниците се дел од планот на Москва. Поголемо производство на нуклеарни подморници за да се одврати потенцијалната американска агресија.

Scroll to Top