Русија испраќа 22 авиони со речиси 2.000 војници за мировните сили во Нагорно Карабах

пред 3 години

Русија ќе испрати најмалку 22 воено-транспортни авиони со мировни сили во Нагорно-Карабах, соопшти рускиот Центар за управување со националната одбрана.

Според Центарот, 11 авиони веќе полетале за Нагорно-Карабах, а уште 11 се натоварени и чекаат да полетаат.

Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека во Нагорно-Карабах ќе бидат испратени 1.960 мировници, 90 оклопни возила и 380 возила за различни намени.

Мировниот контингент во Нагорно-Карабах ќе биде формиран од единиците на 15-тата моторизирана артилериска бригада.

За да го спроведат договорениот мир руските мировници ќе постават линија на разграничување меѓу Ерменците и Азербејџанците во Нагорно-Карабах, а нивниот команден центар ќе биде во Степанакерт.
Ерменскиот премиер Никол Пашинијан, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, и рускиот претседател, Владимир Путин, вчера потпишаа договор за прекин на огнот во Нагорно-Карабах.

Scroll to Top