Русија протера десет американски дипломати од амбасадата во Москва

пред 3 години

На заменик-амбасадорот на САД во Москва, Барт Горман, денеска му е врачена нота, со која десетмина вработени во американската Амбасада се прогласени за непожелни во земјата, се наведува во соопштение на руското Министерство за надворешни работи.

– На 21 април, Барт Горман, заменик шеф на американската дипломатска мисија во Руската Федерација, беше повикан во руското Министерство за надворешни работи да прими нота со која 10 вработени во американската Амбасада во Москва се прогласени за персона нон грата, соопшти руското МНР.

– Оваа мерка е одговор на непријателските активности на американската страна против голем број вработени во руската Амбасада во Вашингтон и рускиот генерален конзулат во Њујорк, кои неоправдано беа прогласени за персона нон грата. Tие мора да ја напуштат територијата на Русија до крајот на денот на 21 мај, додаде руското МНР.

Русија наскоро ќе преземе натамошни чекори како одговор на американските антируски санкции, соопшти Министерството.

– Наскоро ќе следат натамошни чекори во рамки на одговорите на последниот бран нелегални антируски санкции од САД, објавено во изјавата на руското Министерство за надворешни работи на 16 април.

Scroll to Top