Хорват: За обнова на разурнатите градови во Хрватска досега собрани 1,5 милијарда евра

пред 3 години

За обнова на хрватските градови погодени од серијата земјотреси во декември и почетокот на овој месец досега се собрани околу 12 милијарди куни (околу 1,5 милијарда евра) , синоќа изјави министерот за просторно планирање, градежништво и државен имот, Дарко Хорват.

Тој додаде дека владата за обнова на разурнатите градови се уште нема целосно обезбеден финансиски аранжман.

-Некои извори се знааат, за некои се уште се бориме. Собрани се околу 12 милијарди куни, и тоа преку Фондот за солидарност, преку заеми од Светска банка, преку буџетот, изјави Хорват за ХРТ.

Министерот додаде дека еден месец по катастрофата, што ја зафати Сисачко-Мославачката жупанија, Хрватска ќе има јасни правила на однесување за тоа како да ја организира обновата, пренесе „SeeBiz“.

Scroll to Top