Руската вакцина денеска ќе пристигне во Србија

пред 3 години

Руската вакцина против коронавирус „Спутник V“ пристигнува денес во Србија, јавија српските медиуми.

Министерот за здравство, Златибор Лончар, изјави дека тестирањето на руската вакцина во Агенцијата за лекови и медицински помагала е при крај и дека се очекува да заврши во првите денови од новата година.

Вакцинацијата против коронавирус со вакцината на компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“ започна во Србија на 24 декември.

Scroll to Top